Top Sport

Клоп во четврто финале на ЛШ: Почувствувавме „жештина“, а потоа дојде експлозија

Ливерпул е првиот финалист во Лигата на шампионите. Под палката на Јирген Клоп, „црвените“ дојдоа до трето финале во последните пет години, а за стратегот тоа ќе биде четврти финален дуел. И секогаш е интересно да се слушне неговото мислење.

„Ова е неверојатен успех. Повторно сме во финалето. Искрено, беше многу тешко. Почувствувавме „жештина“ во првото полувреме. Тие беа фантастични, а ние непрепознатливи. Но, после тој притисок се случи и експлозија. Момците сакаа да бидат дел од финалето. Во второто полувреме бевме Ливерпул, тогаш бевме ние“, изјави Јирген Клоп.

Утревечер на „Сантијаго Бернабеу“ ќе се решава второто полуфинале, Манчестер Сити има предност од 4:3 по првиот меч на „Етихад“ против Реал Мадрид.

Scroll to Top