Top Sport

Морент ги реши Вориорс, Селтикс го декласираа Милвоки

Мемфис Гризлис и Бостон Селтикс израмнија на 1:1 во сериите против Голден стејт Вориорс односно Милвоки Бакс. Ноќта во НБА лигата ја обележа Џа Морент, кој не им дозволи на Вориорс да направат уште еден брејк во Мемфис.

Мемфис ги победија Вориорс со 106:101. Вориорс ужасно шутираа за три поени (7/38) и немаа решение за Морент. Бекот на Мемфис мечот го заврши со 47 поени, 18 од нив постигна во последните шест минути.

На спротивната страна Стеф Кари постигна 27, Џордан Пул 20 поени. Кари погоди само три тројки од 12 обиди.

Серијата сега се сели во Сан Франциско, третиот натпревар ќе се одигра во недела од 2.30 часот по средно-европско време.

Бостон го декласираа Милвоки во вториот меч. Селтикс, без Маркус Смарт, славеа со 109:86.

Џејлен Браун ги предводеше Селтикс со 30 поени, 25 од нив постигна во првото полувреме. Џејсон Тејтум уфрли 29, а Роберт Вилијамс 21 поен.

Јанис Адетокумбо беше најефикасен кај Милвоки со 27 поени.

Третиот меч се игра во Милвоки, на програмата е во сабота од 21.30 по средно-европско време.

Scroll to Top