Top Sport

Борнмут се вратија во Премиер лигата

Фудбалерите на Борнмут, на коло до крајот на сезоната во Чемпионшип, се вратија во Премиер лигата. На стадионот „Виталити“, Бурнмаут го совлада Нотингем форест со 1-0 и со тоа обезбедија директен пласман во елитниот ранг на англискиот фудбал.

Единствениот гол беше постигнат во 83. минута, кога по слободен удар на работ од шеснаесетникот, Кифер Мур го совлада голманот на Нотингем форест.

Борнмут му се приклучи на Фулам, кој во понеделникот обезбеди директен пласман во Премиер лигата.

Нотингем ќе оди во плејофот на „Вембли“, како и Хадерсфилд, додека за преостанатите две места се уште се борат Шефилд јунајтед, Лутон, Мидлсброу и Милвол.

Последното коло се игра во сабота на 7 мај.

Scroll to Top