Top Sport

Руљи го израмни анти-рекордот на Кариус

Голманот на Виљареал Херонимо Руљи направи две големи грешки на полуфиналниот реванш против Ливерпул, во Лигата на шампионите.

„Жолтата подморница“ ја надополни негативата од првиот дуел на „Енфилд“ (2:0) во првото полувреме, но англискиот тим, во второто полувреме, со голема помош на голманот Руљи, постигна три гола за само 13 минути и обезбеди место во финалето.

Аргентинскиот голман направил најмногу грешки оваа сезона кои директно влијаеле на постигнувањето голови.

Покрај тоа, Руљи е првиот чувар на мрежата по голманот на Ливерпул, Лорис Кариус, кој направи две грешки во еден натпревар од нокаут-фазата во Лигата на шампионите.

Да потсетиме, Кариус, како голман на Ливерпул, направи две кардинални грешки во финалето против Реал Мадрид (1:3) во сезоната 2017/2018.

Scroll to Top