Top Sport

Хиро најдобар „шести играч“ во НБА лигата

Кошаркарот на Мајами Хит, Тајлер Хиро, ја доби наградата за најдобар шести играч во НБА лигата.

Хиро е првиот играч во историјата на Мајами кој ја освоил оваа награда. 22-годишникот добил 488 од можните 500 поени. Од 100.членови на жирито составено од новинари и телевизиски коментатори од целиот свет, 96 му ја доделиле првата позиција.

Второто место во гласањето му припадна на ветеранот од Кливленд Кавалирс, Кевин Лав, а трет е Кем Џонсон од Финикс Санс.

Хиро, во регуларниот дел од сезоната одиграл 66 натпревари, во просек играл по 32 минути, на теренот бележел 20,7 поени, пет скока и четири асистенции.

Мајами Хит го избраа Хиро од 13.позиција на драфтот одржан во 2019 година.

Scroll to Top