Фудбалската репрезентација на Франција има најскапи фудбалери од сите полу-финалисти на Светското првенство во Русија, покажува истражувањето на Меѓународниот центар за спортски студии (ЦИЕС).
Според најновото истражување на ЦИЕС, вредноста на француската репрезентација изнесува 1,4 милијарди евра. Зад Франција е Англија (1,3 милијарди евра), а потоа се Белгија (837 милиони евра) и Хрватска (416 милиони евра).
Поединечно, според ЦИЕС, најголема пазарна вредност од фудбалерите Хари Кејн (210 милиони евра). Капитенот на Англија е пред Килијан Мбапе од Франција. Младата француска ѕвезда според ЦИЕС вреди 196 милиони евра.
Интересно, кај Белгија најповеќе вредат Ромелу Лукаку и Кевин Де Брујне (162 милиони евра), а кај Хрватска Иван Ракитиќ ( 68 милиони евра).
Вечерва, во првото полу-финале на СП, во Санкт Петербург ќе играат Франција и Белгија, а утре на програмата е дуелот помеѓу Англија и Хрватска во Москва.