Top Sport

Шкендија против ТНС посакува победа без примен гол

Во сенка на полу-финалните натпревар на Светското првенство во Русија, денес започнува новата сезона во европските купови. На програмата се осум натпревари во првото квалификациско коло, во Лигата на шампионите.

Вечерва својот прв натпревар ќе го одигра и шампионот на Македонија, Шкендија, против ТНС од Велс.

Во пресрет на дуелот од Шкендија посакуваат победа без примен гол, а на спротивната страна ќе направат се за да ја сочуваат својата мрежа.

„ТНС е клуб кој е седумкратен шампион на таа земја, тоа е клуб кој заслужува голема почит, имаат одиграно многу натпревари во квалификациите од Лигата на шампионите, но и во Лига Европа. Ние влегуваме максимално во овој меч со огромна почит кон противникот. Би сакал победа без примен гол, иако желбите се да победиме убедливо“ , изјавил тренерот на Шкендија Ќатип Османи, кој ќе може да смета и на најдобриот стрелец Бесарт Ибраими.

Натпреварот на „Филип Втори“ стадионот во Скопје ќе започне во 20:15 часот.

Во текот на денот покрај дуелот Шкендија-ТНС ќе се одиграат уште седум натпревари:

17:30 Флора (Естониј)-Хапоел Бер Шива (Израел)
18:00 Алашкерт (ерменија)-Селтик (Шкотска)
18 Дуделанж (Луксембург)-Видеотон (Унгарија)
20:00 Викингур (Фарски острови)-ХЈК (Финска)
20:45 Корк сити (Ирска)-Легија Варшава (Полска)
20:45 Дрита (Косово)-Малме (Шведска)

Scroll to Top