Монако потврдија дека Мамаду Кулибали го продолжил договорот со клубот со интересно видео во кое нивната млада ѕвезда ги одбива повиците од Милан, Манчестер сити и Атлетико Мадрид.
18-годишниот Кулибали потпиша продолжување на оговорот до 2025 година, откако претходно за него минатото лето беа заинтересирани токму овие три европски гиганти. Фудбалерот од средниот ред во видеото ги одбива повиците од клубовите, пред да прати порака до фановите на Монако.
„Здраво сите, јас сум Мамаду Кулибали. Се чувствувам добро дома и возбуден сум што потпишав прв професионален договор со Монако“, изјави Кулибали.
❌? @Atleti
❌? @ManCity
❌? @acmilan???? @AS_Monaco ✅✅ (OUI Mamadou !)
?? #MadeInLaDiagonale pic.twitter.com/PUpLend57D
— AS Monaco ?? (@AS_Monaco) May 5, 2022