Top Sport

ПСЖ забележа загуба од 225 милиони евра

ПСЖ претрпе загуба од речиси 225 милиони евра во сезоната 2020/21, се наведува во извештајот кој го објави финансиската инспекција на францускиот фудбал. Минатата сезона во францускиот фудбал ја одбележа кризната ситуација околу ТВ правата и играњето пред празни трибини поради пандемијата на корона вирусот, па речиси сите клубови се во минус.

Дефицитот на клубот од 224,28 милиони евра е зголемен за 80 отсто во однос на претходната финансиска година кога изнесуваше 124,2 милиони евра.

Според податоците на Професионалната фудбалска лига, сметките на 17 од 20 француски прволигаши завршиле во минус. Една година претходно десет клубови работеле со загуба.

Вкупните загуби на клубовите од Лига 1 изнесуваат 646 милиони евра, а зад ПСЖ најголеми губитници се Лион (107 милиони евра), Марсеј (76) и Бордо (67).

Scroll to Top