Top Sport

Суарез е подготвен да се врати во Барселона

Тренерот на Барселона, Чави, во летниот преоден рок планира да ја засили напаѓачката линија. Намерата му е да донесе класична деветка, за да може повеќе на крилната позиција да го користи Пјер-Емерик Обамејанг.

Ерлинг Халанд и Роберт Левандовски медиумите ги поврзуваат со Барселона. Прашање е колку ова се рални мети за клуб кој се наоѓа во длабока финансиска криза.

Новинарот Хозе Алварез, во ТВ емисијата Чирингито откри дека Барселона е заинтересирана да го врати Луис Суарез во своите редови.

Уругваецот пред две сезони замина од клубот, буквално беше избркан од „Камп Ноу“. Се пресели во Атлетико и со 21 гол му ја донесе титула минатата сезона.

Неговиот договор со „јорганџиите“ истекува на крајот од сезоната. Атлеитко немада му понуди нов, што значи дека како слободен играч ќе замине до „Метрополитано“ стадионот.

Наводно, Суарез бил пдоогтвен да се врати во Барселона дури и за помала плата од онаа што ја има во Атлетико. Во Мадрид тој годишно заработува 6.500.000 евра.

Scroll to Top