Тренерот на Вест Хем, Дејвид Мојс, се извини за инцидентот и исклучувањето што го доби на реваншот од полуфиналето на Лига Европа против Ајнтрахт Франкфурт.
Мојс беше исклучен на 12 минути пред крајот на натпреварот, бидејќи во лутина со топката погоди едно од момчињата задолжени за собирањето на топките.
„Момчето ми остави кратка топка за волеј. Се извинувам за тоа. Топката не го погоди, мислам дека помина покрај него”, рекол Мојс, пренесе Би-би-си.
Фудбалерите на Вест Хем доживеаја елиминација во полуфиналето на Лига Европа, бидејќи во реваншот беа поразени од Ајнтрахт со 1:0.
Првиот дуел во Лондон заврши со победа на германскиот тим со резултат 2:1.
Во финалето на Лига Европа ќе играат Ајнтрахт и Ренџерс, а тој натпревар е закажан за 18. мај во Севиља.