Top Sport

Нејмар го дава животот за титулата во Катар

Мотивиран повеќе од кога било, Нејмар ќе дојде на Светското првенство во Катар. Мундијалот, Бразил ќе го отвори против Србија. Во групата се уште Швајцарија и Камерун.

Најголемата ѕвезда на Бразил во разговор со играчот на Фламенго, Диего Рибас на социјалните мрежи, откри дека е разочаран што оваа сезона останал без трофејот во Лигата на шампионите со Пари Сен Жермен и дека сака да ги „компензира“ сите дека во Катар.веќе почна да се подготвува за Светското првенство.

„Навистина сакав да ја освојам Лигата на шампионите со ПСЖ, но за жал не успеавме. Сега сакам да ја завршам годината со освојување на светската титула со Бразил. Почнав да се подготвувам за тоа и физички и психички, за да биде се како што треба и да му донесеме трофеј на Бразил. Ќе го дадам животот за тој пехар. Два пати играв на Светското првенство и знам како изгледа. Доколку не сте целосно подготвени, шансата ќе пропадне, не смеам да ја испуштам оваа шанса“, изјави Нејмар.

Scroll to Top