Top Sport

Дани Алвеш: Бензема треба да ја добие Златната топка

Бразилскиот фудбалер Дани Алвеш за шпанска „Марка“ зборуваше за ситуацијата во Барселона, неговиот статус, но и за други фудбалски теми. Дани Алвеш на 6. мај наполни 39 години, а минатата година од родниот Бразил се врати во Барселона, каде настапуваше осум години, во периодот од 2008 до 2016 година.

Алвеш оваа сезона одигра само 13 натпревари за клубот од „Ноу Камп„ и постигна еден гол. Клубот од Каталонија го врати Алвеш минатата есен, потпишувајќи договор со него до крајот на сезоната.

За почеток тој зборуваше за тоа што се променило во Барселона.

„Фудбалот се менуваше и клубот сакаше да го следи овој тренд. Купи, продај…Тоа не е Барселона“, вели Алвеш.

Искусниот Бразилец мета дека Барса требаше да се потпре на својата школа и младинскиот погон.

39-годишниот Алвеш ја игра својата 21. професионална сезона. Неговиот договор со Барселона истекува во јуни.

„Што се однесува до мене, би сакал да продолжам бидејќи овде се чувствувам како дома. Мислам дека сè уште можам да придонесам многу, но тоа не зависи од мене“.

На крајот тој зборуваше за најголемите ривали, Реал Мадрид и за Карим Бензема, кој има одлична сезона. Алвеш смета дека Французинот треба да ја освои Златната топка.

„Доколку ја освои Лигата на шампионите, тогаш сигурно ќе ја освои и Златната топка, тој трофеј има големо влијание. Но, мислам дека го заслужи тоа затоа што го одведе Реал на места каде што не беше порано.“

Scroll to Top