Цезар Азпиликуета (32) од следната сезона ќе биде играч на Барселона, пренесува „Ас“. Иако Челзи на крајот на март ја активираше клаузулата во договорот на Аспиликуета и автоматски му го продолжи договорот на уште една година, тој имал договорот со клубот дека ќе добие дозвола да замине бесплатно доколку пристигнат нови сопственици.
Како што денеска беше објавено дека американскиот конзорциум го купи Челзи, што значи дека клубот ќе го исполни ветувањето кон својот капитен.
„Ас“ пишува и дека Аспиликуета ги договорил условите со каталонскиот клуб, ќе потпише двегодишен договор со можност за продолжување на уште една година, а ќе заработува дури 13 милиони евра по сезона.
Според достапните податоци на „Capology“, на тој начин шпанскиот дефанзивец би станал петти најплатен играч на клубот, зад Бускетс, Алба, Дембеле и Де Јонг.
Сезар Аспиликуета кариерата ја започна во Осасуна, а во 2010 година се пресели во Марсеј. Таму помина две години, а потоа се пресели во Челзи, каде за 10 години одигра 471 натпревар.