Манчестер јунајтед игра многу слаба сезона. Пласманот во Лигата на шампионите изгледа е невозможна мисија, а серизно виси и пласманот во Лига Европа. Германскиот стручњак Ралф Рангник не успеа да го направи она за што беше донесе. Затоа „црвените ѓаволи“ решија да го ангажираат Ерик тен Хаг, додека Рангник ќе остане во клубот како советник.
Рангник во интервју за островските медиуми нагласи дека во зимскиот преоден рок побарал од клубот да му донесат напаач. Бил свесен дека нема да може да ги оствари плановите со сегашниот кадар. Тој сакаше еден од тројцата напаѓачи, од кои двајца завршија во редовите на најголемите ривали.
„Управата ми кажа дека нема да донесат играч бидејќи нема играчи на пазарот да ни помогнат. Ги предложив Влаховиќ, Алварез и Дијаз, реков да се обидеме да донесеме барем еден на позајмица, но одговорот беше повторно ‘не’. Значи Влаховиќ потоа отиде во Јувентус, а Дијаз во Ливерпул, додека Манчестер Сити се договори со Алварез. Жал ми е, сега се покажа дека овие играчи можеа да ни помогнат. Мислам дека требаше барем да се обидеме“, заклучи тој.