Македонскиот шампион Шкендија му оддаде вистинска фудбалска лекција на велшкиот шампион ТНС, победувајќи со 5:0 на празната национална арена „Филип втори“, за по првиот меч да се гледаат во наредната фаза.
Херој на натпреварот беше Бесарт Ибраими, кој постигна дури четири гола. Шкендија дојде во водство уште во 14. минута, преку Изаир Емини, по што на сцена стапи Ибраими – во 38. минута зголеми на 2:0.
Во второто полувреме, Ибраими во фуриозни 16 минути уште трипати ја решеташе мрежата на велшкиот тим чие име значи „Новите светци“ – во 50., 63. и 66. минута.
Тетовци веќе можат да се подготвуваат за следното коло каде што ќе ги чека дуел со Торпедо Кутаиси од Грузија или Шериф Тираспол од Молдавија. Торпедо го доби првиот меч на домашен терен со 2:1.
ЛИГА НА ШАМПИОНИ, 1. КВАЛИФИКАЦИИ
Флора (Ест) – Хапоел Бер Шева (Изр) 1:4
Торпедо Кутаиси (Гру) – Шериф Тираспол (Мол) 2:1
Алашкерт (Ерм) – Селтик (Шко) 0:3
Дуделанж (Лук) – МОЛ Види (Унг) 1:1
Фикингур (Фар) – ХЈК Хелсинки (Фин) 1:2
ШКЕНДИЈА (Мак) – ТНС (Вел) 5:0
Корк Сити (Ирс) – Легија Варшава (Пол) 0:1
Дрита (Кос) – Малме (Шве) 0:3