Еди Хау, откако успеа да направи пресврт со Њукасл во вториот дел од сезоната, признава дека детално ја анализирал книгата на Пеп Гвардиола, „Пеп доверливо“, и дека е подготвен пред денешната пресметка со Манчестер сити.
Хау откако го презеде Њукасл, го извади од зонатаа за испаѓање и го крена во средината на табелата (помогнат со засилувања во јануарскиот преоден рок), и само Ливерпул и Сити имаат подобар скор во 2022 година од неговиот тим.
„Прочитав една од неговите книги, додека беше во Баерн Минхен. Пеп е човек со неверојатен фудбалски мозок. Неговиот тренинг-метод е нешто што не сум го сретнал досега, а кога ќе играте против негов тим сфаќате дека сите работи се искалкулирани до најмал детаљ. Тоа не е книга која ја носите на летен одмор, но може да се најдат интересни моменти и да се едуцирате за фудбалот. Неговите тимови имаат ефиксен начни на игра – знаете што прават, но тешко е да ги сопрете“, вели Хау.