Top Sport

Конор се потсмева со Фергусон: Па, ова е чикен-нагет!

Конор Мекгрегор очигледно го следеше спектаклот на УФЦ 274 во Финикс во саботата, откако одговори на „прозивките“ од Чарлс Оливеира и Мајкл Чендлер, и во исто време реши да се потсмева со ветеранот Тони Фергусон, откако тој доби неверојатен нокаут од Чендлер.

Чендлер со фуриозен удар го собори Фергусон, за четврти пораз во низа на Американецот, и на социјалните мрежи хит беше фотографијата од точниот момент на ударот со „изместеното“ лице на Фергусон. Мекгрегор не се воздржа.

„Ако го извлечете ова од кесичка на ‘Мекдоналдс’ и го ставите во сос, ќе го изедете без да размислите. Ова е вистински чикен-нагет. Лудо“, напиша Мекгрегор со навистина фасцинантната фотографија.

Сите го сакаат Конор Мекгрегор. Таков впечаток можеше да се добие по УФЦ 274 во Финикс во саботата, кога ексшампионот во лесна категорија Чарлс Оливеира и поранешниот шампион во Белатор, Мајкл Чендлер го предизвикаа Ирецот на борба, по што, нормално, тој веднаш одговори на Твитер.

Бразилецот Оливеира го победи Џастин Гетџи во две рунди, но не ја заддржа титулата во лесна категорија која му беше одземена поради килограмите, по што јасно порача: „Еј Конор Мекгрегор! Доаѓаш или ќе избегаш?“.

„Не сум сигурен дека сакам да ја намалам тежината. Уживам што сум како фрижидер. Сакам борба на оваа тежина. Но, немам проблем со Бразилците. Го сакам Бразил и непоразен сум против Бразил. Сите нокаути. Треба да размислам“, одговори Мекгрегор на Твитер.

И Чендлер, откако супериорно го нокаутираше ветеранот Тони Фергусон, порача дека Конор „мора да се врати и да влезе во кафезот со најинтересниот фајтер во лесна категорија“.

„Огномет и спектакл. Ми се допаѓа тоа. Дефинитивно може против ова момче во одреден дел о кариерата. Може да се случи“, коментираше Мекгрегор.

УФЦ спектакл: Оливеира го „уништи“ Гетџи, Чендлер со луд нокаут над Фергусон

Scroll to Top