Јанис Адетокумбо беше повторно клучен играч на Милвоки бакс при драматичната победа над Бостон селтикс, со своите 42 поени, 12 скока и 8 асистенции, и по мечот одби да го коментира судењето, посочувајќи дека како млад татко мора да заштеди за пелени.
Грчкиот кошаркар затоа не сакаше да ја коментира ситуацијата од првата четвртина, кога го спречуваше тренерот Мајк Буденхолзер да влезе на теренот.
„Колку чини ако кажам нешто за судиите? Тоа се 20.000 долари? Ќе ги заштедам парите, морам да купувам пелени. Нема врска какваа е судиската одлука, ќе играме понатаму. Не бараме ништо, не очекуваме, само го водиме нашиот план“, вели Јанис.
Smart move, @Giannis_An34 ? pic.twitter.com/pPrdSg8z23
— NBA on ESPN (@ESPNNBA) May 8, 2022
Џа Морент недоволен за Гризлис – без шанса против Голден Стејт