Top Sport

Арсенал пред потпис со Јури Тилеманс

Арсенал се блиску до потписот на Јури Тилеманс од Лестер, за кого би платиле 40 милиони фунти, тврди „Сан“, додавајќи дека Реал Мадрид исто така се заинтересирани за белгискиот фудбалер од средниот ред.

Арсенал се на четвртото место на табелата во Премиерлигата, но се во тесна борба со ривалите од северен Лондон, Тотенхем, со директен дуел во четврток кој може да го одлучи патникот во Лигата на шампионите, со што ќе се смени и тактиката за летниот преоден рок.

За Микел Артета, 25-годишниот Тилеманс би бил совршено решение, бидејќи во моментов во средината ги има Гранит Џака и Мохамед Елнени, а бидејќи договорот на Белгиецот завршува следната сезона, ова е последна шанса Лестер да заработи на неговиот трансфер.

Тилеманс пристигна во Лестер како позајмица од Монако во2018 година, пред да го комплетира постојаниот трансфер за 32 милиони фунти.

Scroll to Top