Претседателот на Француската фудбалска федерација (ФФФ), Ноел Ле Грат тврди дека во блиска иднина Зинедин Зидан ќе стане нов тренер на Пари Сен-Жермен, подгревајќи ги шпекулациите за смена на чело на богатиот клуб.
Легендарниот Зидан беше поврзуван со неколку работи по заминувањето од Реал Мадрид минатото лето, со ПСЖ како главна дестинација, и покрај тврдењата дека тој сака да го наследи Дидие Дешам на клупата на француската репрезентација.
„Морате да бидете внимателни со изјавите. Зидан покажа во Мадрид дека има квалитети какви што малкумина очекуваа. Во умот на Французите, тој може да е наследник на клупата на репрезентацијата. Но, тоа не е мојата цел. Ако Дидие замине, тогаш тој ќе биде опција. Зидан може да го преземе ПСЖ, така што може да не биде достапен“, вели Ле Грат.