Top Sport

Навивачите на Шалке однесоа дел од теренот дома

Славниот германски клуб Шалке по само една сезона во „Цвајте“ се врати во Бундеслигата по 3:2 победата на Санкт Паули во претпоследното коло во втората лига, по што следуваше луда прослава на навивачите на клубот од Гелзенкирхен.

Инаку, Шалке губеше со 0:2 на полувреме, преда стигне до драматична 3:2 победа, а со 60 илјади навивачи на трибините, атмосферата беше славеничка. По крајот на мечот се случи хаос – околу 2.000 навивачи влетаа на теренот, по што според локаните власти неколку од нив завршиле во болница поради повреди и падови. Полицијата во Гелзенкирхен пак објави дека имало 144 инциденти со пиротехника за време на мечот.

Од клубот пак, објавија фотографија со откорната трева која очигледно си земаа сувенири, порачувајќи: „Пак ќе порасне“.

Scroll to Top