Еден Азар, капитенот на Белгија, се согласува со својот селектор Роберто Мартинез, дека Белгијците немале доволно магија за да се пласираат во финалето на Светското првенство.
Франција, синоќа, со голот на Умтити победи 1:0 и в недела ќе се бори за светската титула со победникот од натпреварот помеѓу Хрватска и Англија.
„Повеќе сакам што загубив со една ваква Белгија, отколку да победев со онаква Франција. Тие се бранат цврсто и ефикасно. Не им најдовме ниту една слаба точка. Мал момент на магија ни беше потребен за да постигнеме гол, но не го имавме. Бевме фантастични, елиминирани сме од репрезентација што беше поцврста од нас“, рекол Азар, оценувајќи го позитивно целокупниот настап на Белгија во досегашниот тек на првенството.
Белгија, в сабота, се борат за третото место, а противник ќе им биде поразената репрезентација од пресметката Англија-Хрватска.