Дербито на 35. коло во македонската Прва лига помеѓу Шкендија и новокрунисаниот шампион Шкупи заврши 0:0, во меч кој ќе биде запаметен по скандалите, прекините и неспортската атмосфера, наместо по фудбалот.
Тензиите почнаа уште на пат кон Тетово, кога полицијата ја сопре навивачката група на Шкупи, „Шверцери“, а по пристигнувањето на стадионот беа нападнати фудбалерите на Гоце Седлоски. Мечот исто така беше во прекин откако беше фрлена голема количина на тоалетна хартија на теренот, а пред полувремето, кон клупата на Шкупи беа фрлани камења, од кои еден заврши во главата на 21-годишниот Ардит Иљази.
На видео снимките на телевизијата „ТВ21“ најдобро се гледа дел од атмосферата.
Фото/Видео: ТВ21
ПРВА ЛИГА, 32.КОЛО
Шкендија – Шкупи 0:0
Академија Пандев – Работнички 2:1
Брегалница – Тиквеш 1:0
Македонија Ѓорче Петров – Струга 1:3
Пелистер – Борец 2:1
Ренова – Скопје 2:0