Манчестер сити немаше проблеми да стигне до доминантна 5:0 победа над Њукасл пред домашната публика, за на три кола пред крајот на Премиерлигата да направи +3 поени предност пред Ливерпул, кои вчера одиграа само 1:1 со Тотенхем.
По елиминацијата во Лигата на шампионите од Реал Мадрид, беше неизвесно како тимот на Пеп Гвардиола ќе одговори на предизвикот во тесната битка од Премиерлигата, но бргу стана јасно дека тие нема да потклекнат под првиот предизвик.
Рахим Стерлинг во 19. минута ги донесе домаќините во водство, за во 38. минута, Ајмерик Лапорт да зголеми на 2:0. Доминацијата беше посебно видлива на стартот на второто полувреме, кога во првите 10-тина минути, Сити имаа над 90 отсто од поседот на топката, што резултираше со голот на Родри во 61. минута од мечот. Во финишот на мечот, „граѓаните“ успеаја да го „дотолчат“ противникот – Фил Фоден во 91. минута зголеми на 4:0, за Стерлинг во 93. минута да стави точка на импресивната победа.