Неизвесната борба за опстанок во Серија А продолжува, откако Каљари со гол во 99. минута извлече 1:1 реми на гости кај Салернитана, за во последните две кола да се одлучува кој ќе го заддржи елитниот статус.
Салернитана, клуб кој уште во јануари сите го отпишаа, влезе во мечот со четири победи во последните пет меча, и изгледаше дека се блиску до голема победа, кога во 68. минута од мечот, Симоне Верди, кој игра како „препороден“ по јануарското пристигнување од Торино беше прецизен од белата точка за 1:0 водство.
Меѓутоа, Каљари, кои неодамна го отпуштија тренерот Валтер Мацари, не се предадоа и во 99. минута стигнаа до израмнување со голот на Џорџо Алтаре.
Со поенот, Салернитана останува на 17. место на табелата со 30 поени, два зад Сампдорија и Специја, но поважно поен пред Каљари и два поени пред Џенова во зоната за испаѓање.