Атлетико Мадрид успеа да го победи Реал (1:0) во мадридското дерби, а пред почетокот на натпреварот сите се прашуваа дали Диего Симеоне ќе го исполни ветувањето.
Тој најави дека неговите играчи нема со „шпалир“ да ги пречекаат играчите на Реал Мадрид кои со победата во претходното коло над Еспањол ја освоија Примера.
Не само што играчите не сакаа на таков начин да им честитаат на играчите на „кралскиот клуб“, туку навивачите на Атлетико со голем транспарент на стадионот „Ванда Метрополитано“ порачаа што мислат за титулата што ја освои Реал.
„120 години имате „шпалир“ од судиите и медиумите“, пишуваше на транспарентот закачен пред стадионот.
?️⚽️ La afición del Atlético de Madrid dejó claro lo que piensa del pasillo: "Entre la prensa y los de amarillo, 120 años de pasillo"
❌ Pese a que se sabía que no iba a haber pasillo, este fue protagonista en la previa del partidohttps://t.co/nEk7iat6pR
— Carrusel Deportivo (@carrusel) May 8, 2022