Фудбалерите на Атлетико во градското дерби, кое се одигра во рамките на 35. коло од шпанската Ла Лига, пред своите гледачи го совладаа шампионот Реал со 1:0.
Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, со комбиниран тим го започна натпреварот. Дури во второто полувреме на теренот влегоа Модриќ, Винисисус, Менди и Валверде. Бензема мечот го гледаше од клупата за резерви, додека Карвахал и Алаба воопшто не беа во протоколот.
„Добар натпревар особено во второто полувреме. Бевме блиску до израмнување и мораме така да продолжиме. Приоритет беше да се избегнат проблеми и да им се даде шанса на некои играчи кои не играа многу оваа сезона.Така ќе биде и во следните натпревари. Оние кои играа помалку против Алетикот ќе добијат поголема минутажа во четврток. Карим Бензема, Лука Модриќ, Винисиус…“, изјави Анчелоти и дополнително објасни зошто ги одморал играчите кои вообичаено стартуваат на натпреварите:
„Бензема е уморен и не е целосно здрав. Мој приоритет е да избегнам каков било проблем. Модриќ е исто така уморен и затоа решив да го оставам на клупата на почетокот на натпреварот. Идејата е сите да бидат достапни на 28. мај.“
Реал го игра финалето во Лигата на шампионите против Ливерпул на 28 мај.