Top Sport

Јокиќ повторно е МВП во НБА лигата

Никола Јокиќ повторно е избран за најкорисен играч на сезоната во НБА лигата, тврди Адријан Војнаровски. Инсајдерот на „ESPN “, тврди дека Јокиќ втора година по ред освоил најмногу гласови во изборот за МВП на сезоната.

Војнаровски најавува дека оваа недела ќе следи официјална потврда на НБА лигата.

Јокиќ во тековната сезона имаше просек од 27,1 поен,13,8 скока и 7,9 асистенции.

Тој буквално ги предводеше Денвер Нагетс до скор 48-34 и шестото место на Западот, но без соодветна поддршка од соиграчите не успеа да ги мине Голден стејт Вориорс во првата рунда од плеј-офот.

Така Европејците ја продолжија доминацијата во НБА лигата, бидејќи ова е четврта последователна сезона во која кошаркарите од „Стариот континент“ се прогласени за МВП.

Пред двегодишната доминација на Јокиќ, Јанис Адетокумбо две сезони по ред беше МВП.

Во овој век, последователни МВП награди покрај Јокиќ и Адетокумбо добиле и Стеф Кари, Леброн Џејмс (два пати по ред), Стив Неш и Тим Данкан

 

Scroll to Top