Top Sport

Златан Ибрахимовиќ на крајот од сезоната вели „крај“

Шведскиот напаѓач Златан Ибрахимовиќ на крајот од сезоната ќе ја заврши кариерата. Toj плачел на последниот тренинг поради болки во коленото, но сака да издржи до крај во трката за освојување на „скудетото“. Како што откриваат италијанските медиуми, неделниот натпревар против Атачанта ќе биде последен за него на „Сан Сиро“, а многу веројатно ова ќе биде последна сезона за Швеѓанецот.

Човекот кој работеше документарец со Златан по неговото враќање во Милано и кој е уредник на „Скај Италија“, Ди Стефано, напиша:

„Имаше толку многу добри вести за Милан во последно време што навистина ми е жал што го објавувам ова. Златан најверојатно ја завршува кариерата на крајот од сезоната. Добив информација од играч на Милан дека плачел од болки на последниот тренинг. Пиоли и лекарскиот тим му забрануваат да игра, но тој игра и покрај се, сака да биде таму, да влезе барем во последните десетина минути затоа што сака Милан да го освои „скудетото“ . Единственото нешто што го влече Златан за следната сезона е последниот обид да ја освои Лигата на шампионите, но шансите се дека 90% ќе ја заврши кариерата оваа сезона, 10% давам шанса да продолжи и следната. Не може да игра повеќе од 15 минути, доктори од лекарскиот тим ми го потврди тоа. Едноставно му отекува коленото и го спречува да трча нормално. Операција? Може да ја спречи болката некое време, да ја ублажи, но болката ќе се врати за неколку месеци. Златан го погоди и смртта на Мино Раиола, па тоа може да биде пресврт, иако коленото е најголемата причина. Ако Милан го освои „скудетото“, мислам дека тоа е тоа. Мислам дека последен пат гќе о гледаме Златан на „Сан Сиро“ во недела. Посакувам да не е таков, би сакал да ме демантира, тој ми е пријател, но тој знае што е најдобро за него!“

Scroll to Top