Во зимскиот преоден рок, во 2018 година, Барселона му даде банкарски гаранции на Ливерпул во висина од 135 милиони евра (податоци од Трансфермаркт) и го донесе Филипе Кутињо.
До овој момент поголеми трансфери од Кутињо остварија само ѕвездите на ПСЖ, Нејмар и Килијан Мбапе. Бразилскиот фудбалер никогаш не го оправда богатството што Барса го вложи во неговиот трансфер.
Кутињо, од јануари е на позајмица во Астон Вила, а на крајот од сезоната тој ќе потпише договор со овој клуб . Неговиот трансфер од Барса во Астон Вила е ситница во однос на оној од пред четири години.
„Мундо Депортиво“ тврди дека Астон Вила ќе плати за Кутињо меѓу 15 и 20 милиони евра.