Сопственикот на Лацио, Клаудио Лотито изјави дека не сака да го продаде Сергеј Милинковиќ Савиќ (СМС). Италијанскиот претприемач изјавил дека претходно одбил многу голема понуда за Сергеј, пренесува „РАИ спорт“.
Сергеј Милинковиќ Савиќ е во центарот на вниманието во последните неколку недели поради шпекулациите дека би можел да го напушти Лацио.
„Милинковиќ не е на продажба. Пред неколку години одбив понуда од 140 милиони евра за него“, изјави Лотито.
Лотито рече дека во игра влегуваат само големи понуди.
„Би го прашал Сегеј што сака само во случај да добиеме значајна понуда од најголемите клубови од светска класа“, додаде шефот на Лацио.
Во претходните неколку недели се пишуваше дека за Сергеј се заинтересирани ПСЖ, Манчестер Јунајтед, а потоа и Милан.
Набргу потоа се појави веста дека за СМС е заинтересиран и Јувентус и дека во клубот од Торино може да му се придружи на својот колега од репрезентацијата Душан Влаховиќ.