Ветеранот Антонио Касано планира повторно да се врати на фудбалот, и веќе е во напреднати преговори со легендарната Парма, тврди „Скај спорт Италија“.
Поранешниот напаѓач на италијанската репрезентација утре полни 36 години и веќе две сезони нема одиграно ниту еден меч. Тој беше „замрзнат“ на клупата на Сампдорија во сезоната 2016/17, пред минатото лето да потпише договор со Верона, каде што „траеше“ само осум дена и си замина под контроверзни услови.
Тој одигра два пријателски меча за Верона, тогаш во Серија Б, но претседателот на клубот, Маурицио Сети изјави дека тој не е „во ред во главата“.
„Во главата не му е во ред, иако е добро физички подготвен. Вистинска штета за него“, изјави тогаш Сети.
Касано веќе има играно за Парма, во текот на сезоната 2014/15, кога тимот беше пред банкрот, за само три години подоцна, славните „Дукали“ да се вратат во Серија А.
Парма на нозе! Лукарели го исполни ветувањето и ја врати во Серија А