Top Sport

Рикардо: Не можам да видам подобра понуда од таа на Ред бул

Даниел Рикардо е многу блиску до продолжување на договорот со Ред бул, откако очигледно нема опции во големите тимови.

29-годишниот Австралиец беше поврзуван со трансфер во Мерцедес или Ферари, но сега самиот признава дека тешко дека ќе има подобра понуда од таа на Ред бул, откако оваа сезона тој победи двапати и е четврти во генерален пласман.

„Очигледно, изгледа многу веројатно дека ќе останам. Уште не сум ставил потпис, но ги средуваме сите детали“, вели Рикардо.

Мерцедес исто така ги нема „средено сите детали“ околу договорите на Луис Хамилтон и Валтери Ботас, кои се без договор за 2019 година, меѓутоа дури и Рикардо смета дека двајцата ќе останат во „сребрената стрела“.

„Не се затворени сите врати, но изгледно е дека Ферари и Мерцедес ќе останат со истите возачи. Не го знам тоа дефинитивно, но се чита меѓу редови. Ако нема место таму, тешко е да ме убедите дека постои подобра опција од Ред бул“, додава Австралиецот.

Рикардо е во Ред бул од 2014 година.

Scroll to Top