Top Sport

Жестока тепачка во Серија А, во главна улога е Франк Рибери

Франк Рибери, против Каљари, можеби го одигра својот последен натпревар во дресот на Салернитатна. Францускиот ас веројатно ќе биде санкциониран поради учество во масовна тепачка на натпревар помеѓу неговиот клуб и Каљари. Со оглед на тоа што има 39 години и договор со клубот само до крајот на јуни, некои сметаат дека дошол до крајот на кариерата, барем во Серија А.

Салернитана излезе од зоната за испаѓање во Серија А со серија добри резултати, но драматичниот расплет на сезоната се уште е пред нив.

Последните два меча за Салернитатна најверојатно нема да игра Рибери.

Хаосот Рибери го предизвика во 69. минута откако Симоне Верди го постигна водечкиот гол за Салернитана. Прославата на голот се случи во близина на фудбалерот на Каљари, Гастон Переира, кој истрча покрај аут-линијата и се загреваше за да влезе во игра. Тој го удри по градите и рамото стрелецот Верди, а потоа го оттурна.

Тука започна хаосот, неколку секунди подоцна налетал Рибери кој го удрил и го фрлил противникот на тревникот. Тепачката продолжи покрај клупата.

Интересно, тепачката не беше прикажана во текот на телевизискиот пренос.

Scroll to Top