Фудбалската Лига на шампиони е на пат да постигне договор за загарантирано учество на два клуба со славна традиција во ова натпреварување, дури и доколку преку натпреварите во домашното првенство не успеа да влезат во елитното натпреварување, дознава британски „Атлетик“.
Според овие информации, овој договор би можел да се спроведе следната сезона, па на пример клубови како Манчестер јунајтед и Рома би играле во елитата, иако според пласманот во своите првенства не го заслужуваат тоа.
Сепак, според британските медиуми, овој систем би започнал да се применува од сезоната 2024/205, кога во Лш би се натпреварувале 36 екипи.
Ова само укажува на тоа дека Лигата на шампионите се приклонува кон суперлигашкиот модел, кој минатата година беше елиминиран под огромен притисок на навивачите ширум Европа, но очигледно има начин да се оживее.
Слично нешто имаме и во кошарката, каде што најдобрите европски екипи имаат А лиценца и без разлика на настапот во домашното првенство, сигурно играат во Евролигата, додека останатите треба да се борат на друг начин.
Нема сомнеж дека ваквата одлука дополнително ќе ги разниша темелите на европскиот фудбал, кој се повеќе ќе биде спорт на богатите, а што е најлошо, УЕФА веројатно нема да остане само на оваа одлук, туку ќе има и други повластици за богатите и моќните.