Жителите на Брисел кои се упатија на работа ова утро по болниот пораз на Белгија од Франција во полуфиналето на Мундијалот, мораа да ја истрпат и француската навивачка песна во метрото откако јавниот превоз во белгиската престолнина загуби облог со јавниот превоз во Париз.
Пред мечот, двете организации се предизвикаа на социјалните мрежи. Ако Белгија победеше, Париз ќе ги сменеше знаците на својата станица Сен-Лазар во Сен Азар, во чест на белгиската ѕвезда Еден Азар, но бидејќи победија Французите, Брисел мораше да ја пушта химната „Ту енсембл“ (сите заедно) од покојниот француски рокер Џони Халидеј во 8 и 10 часот наутро.
Мала утеха за Белгијците може да биде тоа што таткото на Халидеј е Белгиец.