Кошаркарите на Мајами поведоа со 3:2 во полуфиналната серија од плеј-офот на Истокот. Во петтиот натпревар остварија убедлив триумф против Филаделфија со 120:85 и со тоа дојдоа на чекор до пласман во конференциското финале. Избраниците на Ерика Сполстра ќе имаат „меч топка“ на следниот дуел кој е закажан ноќта меѓу четврток и петок во Филаделфија.
Мајами синоќа го затвори Џоел Ембид и го задржа на 17 поени. Бам Адебајо одигра одлична одбрана над него, а во тимот на Филаделфија лошо одигра и Џејмс Харден кој постигна 14 поени од 13 обиди од игра.
Мајами веќе имаше голема предност од 66:44 на полувремето и уште тогаш беше јасно дека гостите не ги чека ништо добро. Последната период за гостите беше кобен, Мајами го реши во своја корист со 39:19 и ја заврши работата. Во победничкиот тим дури седум кошаркари имаа двоцифрен поентерски ефект.
Џими Батлер постигна 23 поени, а имаше и девет скока и шест асистенции, додека Макс Штрус додаде 19 поени со десет скока. Гејб Винсент постигна 15 поени, Виктор Оладипо 13, а Бам Адебајо 12.
Феникс Санс со убедлива победа (110:80) ја вратија контролата во серијата против Далас Маверикс. Тимот од Аризона го предводеа Девин Букер со 28 поени и Деандре Ејтон со 20 поени. Феникс се засили по полувремето, успеа да се одлепи со серија од 11:4, а не помогна ниту тајм-аутот на Џејсон Кид. Во третата четвртина гостите направија 12 грешки, што ги доведе до пораз.
Дончиќ заврши со 28 поени и 11 скока, Бренсон додаде 21 поен, но шутот на Далас беше околу 38%, а со такво издание силен противник не може да се победи.
Девин Букер постигна 800 поени во 30 натпревари во плејофот, само 18 играчи во историјата успеале да го направат тоа. Во овој век тој е во одлично друштво, Леброн, Ти-Мек, Винс Картер, Ален Ајверсон, Ентони Дејвис и Донован Мичел.