Норвешкиот голгетер Ерлинг Халанд ќе го засили Манчестер Сити во летниот преоден рок. Трансферот е веќе потврден, тој ќе дојде за отштета од 75 милиони евра по две и пол години во Борусија Дортмунд. Халанд за „милионерите“ на 88 натпревари постигна 85 голови и имаше 23 асистенции.
Доаѓањето на Халанд во редовите на во најголемиот ривал на Ливерпул, го коментираше и менаџерот Јирген Клоп.
„Добар играч, но Сити никогаш не бил, ниту ќе биде тим што победува поради еден играч. Веќе знам дека Ерлинг ќе постигне најмногу голови, а тој брзо ќе сфати дека пристигна во лига која е на сосема друго ниво. Тој е вистинско животно. Може да се повреди, но кога е фит… За жал, многу добро засилување за Сити“.