Претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис одби да се фотографира со млад фан само бидејќи тој носеше дрес на Јувентус.
Пред состанокот на Лега Серија А во канцелариите на Италијанскиот олимписки комитет (ЦОНИ), малиот навивач ги чекаше тие кои пристигнуваа и бараше селфи со нив, но Де Лаурентис не беше подготвен да му направи услуга.
„Јас не сум Јуве“, му кажа Лаурентис и си замина.
"Io non sono della Juve", ha risposto Aurelio #DeLaurentiis all'ingresso all'assemblea di Lega al CONI al piccolo tifoso della Juventus che gli ha chiesto un selfie. pic.twitter.com/s9JcKGMquh
— Manuel Guardasole ✍? (@MGuardasole) May 11, 2022