Top Sport

Вотфорд им го „украдоа“ тренерот на третолигашот Форест Грин

Вотфорд го избраа Роб Едвардс како нов менаџер за следната сезона по заминувањето на Рој Хоџсон, одлука која го налути новиот третолигаш, Форест Грин роверс, кои тврдеа дека премиерлигашот кој веќе сигурно од следната сезона е во втората лига, без нивна дозвола ги вршеле преговорите.

39-годишниот Едвардс со Форест Грин ја освои титулата во Лига 2 (четвртата англиска лига), но претседателот на клубот, Дејл Винс вели дека Вотфорд се „измамници“.

„Тоа не е исправен начин на водење на фудбалски клуб, нели? Клубот треба да пријде до нас и да преговара, а потоа со менаџерот. Но, тие направија таен договор, што не носи добро за фудбалот во Англија. Тие се поранешен клуб од Премиерлигата, ние сме мал клуб од четвртата лига. Разочаран сум од Роб, но клубот е виновен“, вели Винс.

Scroll to Top