Роџер Федерер признава дека и самиот се изненадил што загубил во пет сета од Кевин Андерсон во четврт-финалето на Вимблдон.
36-годишниот Швајцарец имаше меч-поен за да го добие мечот во три сета, но потоа беше „извлечкан“ во меч од 4 часа, кој го загуби со 13:11 во петтиот сет.
„Навистина не очекував вакво нешто. На тренинзите се чувствував одлично, го чувствував топчето и дури иако загубив и сега го мислам истото. Но, денеска не беше денот. Можеби не играв неверојатно, но играв навистина добро. Денеска, кога требаше, не го кренав нивото. Затоа ова е просечен меч. Да победев во три сета ќе беше океј, но вака не знам што да кажам. Кевин беше постојан и солиден постојано и го направи тоа што му беше потребно. Честитки што успеа да се држи толку долго“, изјави Федерер.
Фото: ЕПА
Каков шок! Кевин Андерсон го „уништи“ Федерер во маратонски меч