Top Sport

ЛШ: Лудогорец „газеше“, Звезда без голови… (видео)

Бугарскиот шампион Лудогорец го обезбеди местото во второто квалификациско коло на Лигата на шампионите уште во првиот меч, откако со 7:0 ги „прегази“ шампионите на Северна Ирска, Крусејдерс.

Тимот од Разград постигна „само“ два гола во првото полувреме, по што во второто апсолутно ги декласираа гостите од островот. Полскиот напаѓач Јакуб Свјерчок во финишот на натпреварот постигна хет-трик за само седум минути!

Српскиот шампион, Црвена звезда пак, одигра само 0:0 на гостувањето кај летонскиот шампион Спартакс Јурмула, иако доминираше во текот на 90-те минути. Сепак, Звезда е фаворит во реваншот по што ќе ги чека дуел со подобриот од мечот Судува/АПОЕЛ, каде што литванскиот шампион има 3:1 предност по првиот меч.

Зрињски од Мостар, шампионот на Босна и Херцеговина во остар меч со два црвени картони загуби 1:0 на гостувањето кај Трнава во Словачка, додека албанскиот Кукеши одигра само 0:0 против Ла Валета од Малта.

ЛИГА НА ШАМПИОНИ, 1.КВАЛИФИКАЦИИ

Астана (Каз) – Сутјеска (ЦГо) 1:0

Спартакс (Лет) – Црвена звезда (Срб) 0:0

Судува (Лит) – АПОЕЛ (Кип) 3:1

Трнава (Свк) – Зрињски Мостар (БиХ) 1:0

Кукеши (Алб) – Валета (Мал) 0:0

Лудогорец (Буг) – Крусејдерс (СИр) 7:0

Олимпија Љубљана (Сло) – Карабаг (Азе) 0:1

Валур (Исл) – Розенборг (Нор)

Scroll to Top