Top Sport

Манасков по осум месеци се врати во тимот на Веспрем

Македонскиот ракометен репрезентативец Дејан Манасков по долга пауза повторно е на теренот. Тој по осум месеци се врати во тимот на Веспрем на денешниот меч против Алборг во четврт-финалето од Лигата на шампионите.

Манасков успеа да постигне и еден погодок во триумфот на Веспрем од 36:29.

Реваншот се игра за шест дена на теренот на ривалот.

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');