Супер менаџерот, Жорге Мендеш, по налог на Реал Мадрид е во Рим и работи на трансферот на Сергеј Милинковиќ-Савиќ (СМС), објави „Скај Италија“.
Мендеш не е менаџер на СМС, но очигледно добил овластување од Реал да преговара со Лацио околу трансферот и пре челниците на римскиот клуб излегол со понуда од 100 милиони евра.
Меѓутоа претседателот на Лацио, Клаудио Лотито е познат како „тврд орев“, особено кога продава свој фудбалер и според истиот извор нема намера да отстапи од бараната сума, а таа изнесува помеѓу 120 и 150 милиони евра.
Покрај Реал интерес за српскиот репрезентативец покажува и Манчестер јунајтед, но клубот од „Олд Трафорд“ се уште не испратил официјална понуда.