Top Sport

Модриќ: Навистина сакав Роналдо да остане во Реал

Најдобриот хрватски фудбалер Лука Модриќ на својот доскорешен соиграч Кристијано Роналдо му посакал среќа во понатамошната кариера.

Португалецот по девет години го напушти Реал и реши кариерата да ја продолжи во Јувентус. Трансферот е вреден 105 милиони евра. Интересно, пред официјалната објава на трансферот, Модриќ беше убеден дека Роналдо нема да го напушти Мадрид.

„Тоа го кажав бидејќи тоа го посакував. Сакав Роналдо да остане со нас. Тој е единствен, навистина ми е жал што замина. Му посакувам се најдобро во Јувентус, исклучок се натпреварите што евентуално ќе ги игра против нас“, порачал Модриќ.

Роналдо и Модриќ заедно играа од 2012 година. Во меѓувреме освоија четири титули во Лигата на шампионите, три Суперкупа на УЕФА и исто толку трофеи на Светското првенство за клубови и по еден трофеј во Ла Лига, Суперкупот на Шпанија и Купот на Шпанија.

Scroll to Top