an-Досегашниот играч на Ница, Жан-Мишел Сери, кариерата ќе ја продолжи во Фулам. Трансферот на репрезентативецот на Брегот на Слоновата коска е вреден 18 милиони фунти.
Сери (26), со повратникот во Премиер лигата на Англија, потпиша четири годишен договор.
„Воодушевен сум што потпишав за Фулам.Ова е нова авантура за мене и се надевам дека ќе биде успешна“, рекол Сери по потпишувањето на договорот.
DONE DEAL: Jean Michaël Seri has joined @FulhamFC from Nice for a reported fee of £18m, signing a four-year contract. pic.twitter.com/vxbJjiMVMH
— Squawka News (@SquawkaNews) July 12, 2018
Овој играч минатото лето се поврзуваше со трансфер во Барселона, а во изминатиот период интерес за него покажуваа Вест Хем, Арсенал и Челси.
За Ница од 2015 година одигра 123 натпревари, со учинок од 12 гола и 26 асистенции.
По трансферот на Сери, Фулам и менаџерот Славиша Јокановиќ, ќе се обидат да го откупат договорот на напаѓачот Александар Митровиќ од Њукасл.