Top Sport

Осимен демантира дека Наполи му го „контролира“ животот

Нигерискиот напаѓач на Наполи, Виктор Осимен ги демантираше вестите дека италијанскиот клуб има пристап кон сите шифри на неговите социјални мрежи и дека контролира што тој објавува. Шпекулациите исто така велеа дека италијанскиот клуб го блокирал Осимен во желбата да го продолжи спонзорскиот договор со „Најк“.

Весникот „Ла република“ тврдеше дека во договорот на 23-годишниот Осимен со Наполи по трансферот од Лил во јули 2020, има клаузула со која Наполи добива пристап кон неговите шифри на социјалните мрежи. Тие додаваат дека Наполи постојано контролира што објавува Нигериецот за да не се наруши имиџот на клубот, и дека не сакаат тој да соработува со „Најк“ бидејќи тоа не ги претставува вредностите на клубот.

„Фејк њуз“, објви Осимен на Твитер со линк до веста на „Ла република“.

Scroll to Top