Навивачите на Манчестер јунајтед веруваат дека Кристијано Роналдо решил да го испочитува договорот и да остане во клубот и следната сезона, откако се појавија фотографии на кои Португалецот е модел во презентацијата на трите дреса на клубот за следната сезона.
Откако Јунајтед не успеа да се квалификува во Лигата на шампионите следната сезона, постоеја шпекулации дека Роналдо сака да замине по вторпат од „Олд Трафорд“ по крајно разочарувачката сезона, но тој прво во петокот изјави дека едвај чека да почне да работи со новиот менаџер Ерик Тен Хаг, за сега овие фотографии да ги уверат навивачите дека нема да има заминување.
Ronaldo staying? ? pic.twitter.com/r4iBha6QS5
— The United Stand (@UnitedStandMUFC) May 14, 2022