Top Sport

Санчо сигурен во „подобри денови“ со Ерик Тен Хаг

Џејдон Санчо верува дека неговата кариера како фудбалер на Манчестер јунајтед „само што почнува“ и очекува свеж почеток на „Олд Трафорд“ под новиот менаџер Ерик Тен Хаг следната сезона.

„Ѓаволите“ по повеќе обиди, успеаја да го донесат англискиот репрезентативец за 73 милиони фунти од Борусија Дортмунд минатото лето, но во една очајна сезона за „ѓаволите“, тој не ја оправда оваа сума, но вели дека најдоброто е пред него.

„Првата цел е да се почне одново, со нов менаџер, и сите ги чекаме неговите идеи и планови за иднината. Морам да останам позитивен, бидејќи кариерата само што почнува и се надевам ќе се кренам следната сезона. Ова беше тешка сезона, посебно за фудбалер на Манчестер јунајтед, клуб кој е навикнат да освојува титули и да се бори со најдобрите. Но, мораме да веруваме во иднината“, вели 22-годишниот Санчо.

Санчо во 38 натпревари за Јунајтед има 5 гола и 3 асистенции.

Scroll to Top